Караорман со „петарда“ за Сатеска, Новаци со триумф, во Црно Буки и Враништа поделен „пленот“

Лидерот Караорман повторно доминираше на теренот покрај езерото каде со 5:0 ја распадна Сатеска од Волино, со што стружани остануваат на врвот од табелата и понатаму без пораз и сосема сигурно ќе играат во баражот за Втора лига.
По еден погодок денес во Струга постигнаа Никола Димов, Христијан Китрозоски, Валентин Ѓорѓиески, Белќија Ѓетали и Ивица Ќелешоски.
Дуелот во Враништа меѓу Македонија и Демир Хисар заврши без победник и без погодоци (0:0).

Црно Буки и Преспа го поделија пленот во меч со шест погодоци (3:3). За домаќинот двоен стрелец беше Благоја Наумоски, а еден погодок беше дело на Драганчо Мицески, за гостите од Ресен погодоци ги постигнаа Христијан Каралиоски, Леонид Мијак и Нико Пластиновски.
Новаци според планот грабна три бодови откако во Ивањевци со 0:2 ја доби Победа. Стрелци на погодоци беа Ице Маркосвски и Александар Неданоски.