ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман со неколку квалитетни засилувања цели кон Втора лига

Струшкиот третолигаш Караорман во новата сезона од Третата лига – Југозапад влегува со нескриени амбиции за влез во Втората македонска фудбалска лига. Клубот подготовките ги започна на 18 јули со план за навремен почеток на лигата.

Екипата со исклучок на двајца играчи во целост е задржана и истата е надоградена со неколку искусни и проверени играчи, како и со млади и доста надежни млади сили.

Караорман за новата сезона се засили со Стефан Петрушески (Охрид), Димче Волчески (Влазними), Томче Речкоско (Волино), Белчија Ѓетали (Октиси), како и надежните млади фудбалери Муамед Шаќир, Филип Вранишкоски, Кристијан Цацаноско, Христијан Будимоски, Предраг Чакарески кои доаѓаа од младинската екипа на Трим и Лум.

Во однос на финансискиот дел, Караорман е финансиски стабилна екипа со солиден буџет за натпреварување во Трета лига.

„Финансиски сме стабилна екипа со солиден буџет за нашето натпреварување“, ни изјавија од клубот и додаваат:

„Без разлика на се’ фудбалскиот клуб Караорман ќе го задржи реномето и препознатливоста која ја гради цели 98 години – фер и коректна екипа“, велат од клубот за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!