ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман со ДЕВЕТ гола ја распадна Дебарца, Новаци пред службена победа бидејќи Белица не се појави на теренот

Денес беше отворено 17. коло од Третата лига – Југозапад, но наместо два натпревари се одигра само еден.

Караорман 9:0 Дебарца

Караорман на домашен терен во Струга со високи 9:0 ја прегази екипата на Дебарца. Фаворитот немаше воопшто милост кон гостинската екипа. Резултатот беше отворен во 13. минута со гол на Глигороски Цветан за водство од 1:0. Со два гола на Ќелешоски Ивица водството на Караорман се искачи на 3:0. Во 39. минута Димов Никола погоди за 4:0 на полувреме. Во вториот дел домашната екипа продолжи со доминацијата на теренот. Во 58. минута Крстески Стефан постигна гол за 5:0. Нововлезениот Домазетоски Кристијан со два брзи погодоци во 67. и 72. минута донесе водство за домашната екипа од 7:0. Две минути подоцна Димов Никола со втор гол го зголеми водството на високи 8:0. Конечните 9:0 ги постави Чолески Маријан во 85. минута.

Новаци – Белица (не одигран)

Натпреварот меѓу Новаци и Белица не се одигра, па Новаци е пред службена победа. По чекање од 30 минута, присутни биле само службените лица од Белица, додека гостинската екипа не се појавила на теренот поради дефект на возилото за транспорт.

Колото ќе биде комплетирано утре.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!