ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Караорман се засили со Илија Далчески

Третолигашот Караорман денес се засили со младиот и екстра квалитетен играч Илија Далчески.
22-годишниот играч доаѓа од редовите на кочанскиот второлигаш Осогово. Во својата кариера Далчески покрај Осогово има настапувано и за Лабуништа и Работнички.
Струшкиот третолигаш со ангажманот на Далчески добива на квалитет и на искуство во борбата за влез во Втората лига – Запад.