ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман ја „потона“ Македонија, Новаци покажа сила против Преспа

Ниту „д“ од дерби покрај езерото – Караорман со убедливи 6:1 ја „потона“ Македонија од Враништа и останува на врвот од табелата во Третата фудбалска лига – Југозапад со значителна бодовна разлика.

Само дваесет минути беа потреби за Караорман да има предост од убедливи 3:0. Уште во 10. минута Климе Далчеси го отвори резултатот, а пет минути подоцна Никола Димов ја дуплираше предност. Илија Далчески стрелаше во 20. минута за водство од убедливи 3:0. Капитенот на гостите од Враништа, Васко Боровчански во 25. минута намали на 3:1 на полувреме и остави шанси за евентуално реми.

Во вториот дел капитенот Ивица Ќелешоски од пенал зголеми на 4:1, во 60. минута Димов со втор гол зголеми на 5:1. Конечните 6:1 ги постави Ќелешоски во 77. минута.

Новаци покажа сила против Преспа и го запиша петтиот сезонски триумф, откако со сигурни 3:1 славеше над гостите од Ресен. Резултатот на полувреме беше 2:0 за Новаци, а стрелаа Стефан Стефановски и Менде Талевски. Во вториот дел Христијан Вашеревски зголеми на 3:0, а Аднан Агушевски ги постави конечните 3:1.

Инаку, гостите од Ресен во Новаци допатуваа со 11 играчи, односно без ниту еден резервен играч, па тоа значително се одрази на играта.

Караорман е лидер на табелата со 31 бод и сигурно чекори кон зацртаната цел – пласман во Втората фудбалска лига.

  1. коло од Третата фудбалска лига – Југозапад ќе биде комплетирано утре.

(табела на Спортска Мрежа)

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
11211104510+3534
2128223918+2126
3127142624+222
4125612914+1521
5126332820+821
6125433121+1019
7124443129+216
8125072626015
9123361529-1412
10123272225-311
11122462134-1310
121220101352-396
13121291034-245

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!