ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман и Воска ремизираа без погодоци, Новаци ја прегази Победа Ивањевци

Големата дерби-пресметка меѓу Караорман и Воска во Струга заврши без победник и без погодоци, во рамки на 9. коло од Третата лига – Југозапад. Отворена игра и мотив за победа имаше и кај двете екипи кои претендираат за прво место и пласман во Втората лига – Запад. Караорман одигра одличен натпревар и дојде до значаен бод, бидејќи на големото дерби настапи без 4 стандарни првотимци.

Навивачката група – Паткари

Домаќините од 84. минута останаа и без играч помалку, откако Аќимовиќ Димитар го заработи вториот жолт картон, а гостите од Охрид не го искористија тој момент и мрежите до крајот на натпреварот мируваа.

Новаци можеби и го одигра најдобриот натпревар во досегашниот тек од сезоната, откако на домашен терен со високи 9:1 ја декласираше Победа од Ивањевци. За домаќините ова е шестата сезонска победа и го следат чекорот на Караорман и лидерот Воска од Охрид.

Натпреварот меѓу Дебарца и Октиси Спорт заврши нерешено со резултат 0:0. За домаќините ова е важен бод во прогрес кон средината од табелата, додека гостите го впишаа првото сезонски реми.

Промена на врвот од табелата нема. Воска е лидер и понатаму со 23 бодови, а еден помалку има Караорман кој е втор. Новаци со 19 бодови е на третото место на табелата. Колото ќе биде комплетирано утре, кога ќе бидат одиграни останатите пет натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!