Караорман и Новаци во дерби пресметка покрај езерото, Кравари домаќин на Демир Хисар, Црно Буки на Влазними

Денес се играат натпреварите од 17. коло на Третата фудбалска лига – Југозапад. Дербито на колото се игра во Струга каде покрај езерото ќе се одигра дерби пресметката меѓу непоразениот лидер Караорман и екипата на Новаци. Голем фаворит за трите бодови ќе биде Караорман кој веќе сигурно чекори кон бараж за Втора лига, а Новаци во Струга доаѓа силно мотивиран да го победи Караораман за првпат сезонава откако во претходното коло беше убедлив со 5:1 над Сатеска од Волино.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Кравари на домашен терен го очекува израмнет дуел со Демир Хисар во борбата за трите бодови и прогрес на табелата. Победа од Ивањевци на домашен терен ќе има тежок натпревар против екипата на Преспа од Ресен.
Црно Буки против Влазними на домашен терен ќе го поправа впечатокот од поразот во претходното коло во Враништа од Македонија (1:0).
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Сите натпревари ќе стартуваат во 15:30 часот, а судиите кои ќе ја делат правдата можете да ги погледнете на следниот линк.