ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман ги стартуваше подготовките за новата сезона

Третолигашот Караорман од Струга ги “запали моторите” за новата сезона од Третата лига – Југозапад.

Клубот веќе неколку дена интензивно се подготвува за новата сезона во која стружани влегуваат со високи цели.

Во следниот период ќе бидат претставени и новите засилувања, а формата ќе се темпира и преку контролни натпревари.

Инаку, минатата сезона Караоран во ТМФЛ – Југозапад заврши на второто место на табелата, додека првопласирана беше екипата на Воска Спорт која обезбеди место во Втората лига – Запад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!