ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Караорман е во Втора лига, стружани подобри во пенал рулетот од Вардар Неготино

Караорман е последниот патник во Втората македонска фудбалска лига, откако во пенал рулетот беше подобар од Вардар Неготино.

Резултатот во регуларните 90. минута беше 0:0, по што веднаш се пристапи кон изведување на пеналите.

ФОТО: Спортска Мрежа

Претходно, Арсими со убедливи 4:1 го декласираше Овче Поле за едно полувреме и со тоа обезбеди второлигашки статус.

Караорман и Арсими се последните патници во Втората македонска фудбалска лига со што се пополнети последните две места. Колку за потсетување, Караорман е шампион на Трета лига – Југозапад и по повеќе од една деценија се враќа во Втора лига, а пак Арсими, кој е шампион на Трета лига – Запад обезбеди историско учество во Втора лига.

ФОТО: Спортска Мрежа

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!