ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман домаќин на Кравари, Влазними на Октиси, Црно Буки против Сатеска

Викендот се игра 14. коло од Третата лига – Север. Колото ќе биде отворено во сабота со два натпревари, едниот во Струга, другиот во Новаци.

Во Струга, Караорман ќе биде домаќин на Кравари, во дуел каде домаќинот ќе треба да го поправи впечатокот после поразот од Црно Буки на домашен терен. Караорман ќе биде под притисок за победа, со цел да остане во чекор со лидерот Воска. Кравари игра солидна сезона, во Струга доаѓа по изненадување без притисок и токму тоа ќе го направи натпреварот неизвесен и интересен за следење.

Новаци на домашен терен ќе се судри со Лирија од Грнчари. Формата го прави домаќинот фаворит, а трите бодови можат да го вратат на третото место, но Лирија после победата од 0:7 над Победа во Ивањевци е мотивирана за да направи изненадување и во Новаци и дома да си замине со еден или три бодови, а со тоа шансите за опстанок да ги зголеми.

Колото ќе биде комплетирано во недела, кога ќе се одиграа останатите пет натпревари.

Црно Буки на домашен терен ќе ги одмери силите со Сатеска од Волино. Амбициозниот Црно Буки игра одлична сезона, формата го прави голем фаворит во недела, а победата и трите бодови можат да го однесат и на второто место.

Влазини ќе биде домаќин на Октиси. Дуел во кој ќе има голема борба за победа и три бодови, а со тоа и прогрес прогрес на табелата.

Лидерот Воска на домашен терен во Охрид ќе се соочи со екипата на Белица. Квалитетот на екипата, како и формата го прават непоразениот домаќин апсолутен фаворит за победа и три бодови и чекор поблиску до Втора лига – Запад.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ <<

Победа Ивањевци на домашен терен ќе се соочи со екипата на Дебарца. Домаќинот е во резултатска криза, па во недела ќе мора да пронајде начин како да се обезбедат три бодови со цел да обезбеди сигурен опстанок во Третата лига – Југозапад.

Преспа на Градскиот стадион во Преспа ќе ги одмери силите со „фенерџијата“ Стрела. Домаќинот ќе треба брзо да го заборави неочекуваниот пораз од Лирија и во недела да запише победа над Стрела, која го губи чекорот за опстанок во третолигашкото друштво.

Екипата на Македонија Враништа ќе биде слободна и ќе добие службени три бода, бидејќи требаше да се соочи со Фламуртари, екипа која е дисквалификувана од натпреварувањето.

Сите натпревари ќе започнат во ист термин, односно во 14:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!