ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман домаќин на Дебарца, Октиси гостува кај Победа Ивањевци

Со воведните два натпревари утре ќе биде отворено 17. коло од Третата лига – Југозапад.

Караоран – Дебарца

Еден од воведните натпревар се игра во Струга, каде Караорман ќе биде домаќин на Дебарца. Квалитетот, формата и домашниот терен го прават Караорман да биде голем фаворит против Дебарца. Домашната екипа има негатива од осум бодови во однос на лидерот Воска, па останува борбата за зачувување на второто место, со оглед на фактот дека Црно Буки и Новаци прават притисок за второто место. Се освен пораз за гостинската екипа ќе биде позитивен исход од утрешното тешко гостување.

Новаци – Белица

Вториот воведен натпревар се игра меѓу Новаци и Белица. Домаќинот кој ќе атакува на десетта сезонска победа и ќе продолжи да го напаѓа второто место ја има улогата на фаворит, квалитетот, формата и домашниот терен се на неговата страна. Белица ја очекува теѓко гостување, па за екипата се освен пораз ќе значи позитивен резултат.

Лирија – Црно Буки

Екипата на Лирија во Грнчари ќе го пречека фаворитот Црно Буки. Гостинската екипа продолжи со победите, па во недела силно мотивирана ќе атакува на трите бодови. Лирија минатото коло токму на теренот во Грнчари го „сруши“ фаворитот Кравари, па во недела ќе направи обид за ново изненадување против фаворитот Црно Буки.

Кравари – Стрела

Кравари на домашен терен ќе ја пречека последнопласираната Стрела. Сосема очекувано е фаворитската улога да ја има Кравари, а со тоа и трите бодови да останат дома. „Фенерџијата“ минатата недела на домашен терен одигра 1:1 со фаворитот Новаци и зеде голем бод, па во недела без притисок ќе се обиде да приреди нова сензација.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Победа Ивањевци – Октиси

Победа од Ивањевци продолжува со борбата за излез од опасната зона, па во недела ќе има тежок натпревар со одличниот Октиси. Домашната екипа ќе има притисок за трите бодови со цел да направи исчекор кон сигурен опстанок, додека Октиси кој има добар квалитет и добра форма силно атакува на трите бодови со што би можел да направи прогрес на табелата за едно место.

Воска – Сатеска

На помошниот терен на „Билјанини Извори“ во Охрид, лидерот Воска ќе ја пречека екипата на Сатеска. Непоразениот лидер ќе биде фаворит за 15-тата сезонска победа, а со тоа и чекор поблиску до Втората лига – Запад. Гостинот од Волино игра солична сезона, па сигурно дека нема да истрча со бело знаменце и ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на лидер на табелата.

Македонија Враништа – Влазними

Македонија Враништа на домашен терен ќе се соочи со екипата на Влазними. Домашната игра игра одлично, фати приклучок за средишниот дел од табелата и продолжува за подобар пласман на табелата, па во недела ќе атакува на петта сезонска радост. Влазними минатото коло доживеа тежок пораз од Црно Буки, па во недела ќе се обиде да го поправи лошиот впечаток и да ги израдува своите фанови.

Сите натпревари ќе стартуваат во 15:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!