ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Караорман, Арсими и Овче Поле шампиони, се чека на шампионот во Трета лига – Југ за баражи за Втора лига

Турболентната сезона во Третата македонска фудбалска лига доаѓа до самиот финиш. На неколку кола пред крајот познати се три од четири шампиони.

Revolution Development ја поддржува Спортска Мрежа – единствениот спортски сајт во Македонија за Трета македонска фудбалска лига

Караорман доминираше во текот на целата сезона и уште од самиот старт направи бодовна разлика со што воопшто не дозволи изненадување кога е во прашање врвот од табелата. Стружани се шампиони во Трета лига – Југозапад.

Арсими е непоразен шампион во Трета лига – Запад. Екипата одигра фантастична сезона и од самиот старт се наметна како главен фаворит за освојување на врвот од табелата.

Во Трета лига – Исток играа само шест екипи, а од нив екипата на Овче Поле е шампион.

Останува уште да се добие шампионот во Трета лига – Југ со што ќе започнаат баражите за влез во Втората македонска фудбалска лига. На шест кола до крајот екипата на Вардар од Неготино е лидер со пет бода повеќе во однос на второпласираниот Превалец.

До крајот на сезоната односно во овие шест натпревар само овие две екипи ќе ја водат борбата за освојување на врвот, останатите екипи имаат бодовна заостанување што им ја прави борбата за баражот тешка, па речиси и невозможна. Веќе во следното коло во Неготино ќе се одигра директната пресметка меѓу Вардар и Превалец, триумф за неготинци ќе значи дека сосема сигурно ќе играат во баражот за Втора лига.

Колку за потсетување само Трета лига – Север не ја започна сезоната и тука воопшто не се играше фудбал.

Откако и официјално ќе се добие шампионот во Трета лига – Југ, тогаш преку ждрепка ќе се одредат двојките за бараж – натпреварите. Победниците, односно двете екипи кои ќе победат во баражите ќе обезбедат учество во Втората македонска фудбалска лига, која од следната сезона ќе биде единствена.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!