РакометРакомет - Суперлига

Караиванов се приклучи кон Младост, странците во текот на неделата, стартува вториот дел од подготовките!

Ракометниот суперлигаш Младост Богданци утре (понеделник) со почеток од 18:30 часот продолжува со вториот дел од подготовките со тренинзи во салата „Млаз“ во Богданци.

Од првиот тим поради повреда и рехабилитација еден месец од терените ќе отсуствува пивотот Фиданов. Караиванов веќе се приклучи на екипата, а странските засилувања Лошчаков и Гончаров треба да пристигнат среда наутро кои веднаш ќе се приклучат на екипата, а до петок пристигнува и последното странско засилување Лупашко каде екипата би се комплетирала со сите играчи.

Во наредниот период до крајот на месецот ќе бидат одиграни 3-4 пријателски средби кои се дел од воигрувањето на екипата пред почеток на првенството кое започнува на 6/7 март каде екипата на Младост ќе се бори за опстанок во ракометната елитата.

Младост 1977 во плеј-аутот ќе се бори за опстанок со екипите на Работнички, Радовиш, Прилеп, Голден Арт КЛ7, Јуниор Кисела Вода, Тиквеш и Астраион. Во првото коло екипата од Богданци ќе гостува во Струмица каде ќе се соочи со Астраион, а ќе затвори со Јуниор Кисела Вода на домашен терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!