
Вчера беа одиграни уште два натпревари од осминафиналето на футсал Купот на Македонија. Следната фаза обезбедија Карадаку и Шкендија.
На домашниот терен во Пробиштип домаќинот Црешово Топче немаше сили за фаворитот Карадаку кој со убедливи 3:7 славеше за четвртфинале.
>>> РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ НА МАВРОВО – КОТВА.МК ВИ НУДИ ОДЛИЧНА ПОНУДА <<<
Домаќинот прв поведе во 8. минута со погодокот на Саше Донев, по што гостите со два брзи гола на Артан Јунузи и Ибраим Далипи со свртеа резултатот на 1:2. Само 60 секунди беа потребни за Драган Стефанов да постигна погодок за 2:2 и да го направи натпреварот возбудлив. До крајот првиот дел Сами Аљиљи погоди водство на Карадаку од 2:3 на полувреме.
Во вториот дел гостите прикажаа тотална доминација. Со погодоците на Јасир Зекири и вториот погодок на Аљиљи гостите имаа водство од 2:5 и се поизвесно беше дека Карадаку ќе патува во следната фаза. За 2:6 погоди капитенот Егзон Исени, а потоа домашните преку Глугорче Јакимов намалија на 3:6. Во последните секунди од натпреварот Ибраим Далипи ги постави конечните 3:7.

Победникот во Тетово меѓу Шкендија и Енхалон беше решен на пенали, а подобар во пенал-рулетот беше домаќинот со 7:5. Првиот дел од мечот заврши со резултатот од 1:1. За гостинската екипа која прва дојде до водство погоди Аднан Агушевски, а за домашната Сунај Мустафи.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ АПАРТМАНИ НА КОТВА.МК <<<
Во вториот дел паднаа по два гола на двете страни. Шкендија успеа да дојде до прво водство со голот на Каремани Куштрим кој стрелаше по четири минути игра, а само една минута подоцна Агушевски со втор гол израмни. Никола Миленксоки во 33. минута по втор пат го однесе Енхалон во водство од 2:3, а во финишот од мечот Мустафи со втор гол ги постави конечните 3:3.
Во пенал серијата Шкендија беше подобар од Енхалон и обезбеди следна фаза од футсал Купот.