ФудбалФутсал

Карадаку преку Јунузи Артан до голема победа над Велес

Вчера во рамки на 15. коло од Првата футсал лига, екипата на Карадаку на гостувањето кај Велес запиша нова убедлива победа од 5:8.

Прв до водство дојде гостинот со гол на Есени Егзон постигнат во 5. минута од натпреварот. Во 12. минута Јунузи Артан постигна гол за водство од 0:2. Велес тргна со притисок кон голот на противникот и во 14. минута со гол на Сулимани Ерсин намали на 1:2, а четири минути подоцна Калчев Мартин погоди за 2:2. Помалку од минута беше потребно за Карадаку да го врати водството, со втор гол на Јунузи гостите имаа 2:3 на полувреме.

На стартот од вториот дел Јунузи со два гола во 24. и 27. минута зголеми на 2:5. Велес до 34. минута успеа да дојде до 5:5, со два гола на Амза Кадир и еден на Мојсовски Владимир. Карадаку не дозволи изненадување, во 36. и 37. минута Зекири Јасир постигна два погодоци за 5:7, а конечните 5:8 ги постави Османи Аријат.

Карадаку со 27 бодови е на петтото место на табелата, додека Велес со 15 бодови е на седмото место на табелата.

Во следното коло, Карадаку во Липково го чека лидерот Проект, додека Велес ќе гостува кај екипата на Кратово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!