ФудбалФутсал

Карадаку и Енхалон го поделија пленот, Проект ја декласираше Шкендија во Тетово

Во воведниот меч во Тетово актуелниот шампион Проект со убедливи 1:7 ја декласираше Шкендија во Тетово во рамки на 16. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Дарко Ранготов постигна хет-трик за гостите од Валандово, а по еден погодок постигнаа Мартин Мехмединовиќ, Мирче Стојанов, Димитар Јанев и Александар Михајлов. За домаќините единствен стрелец беше Фатмир Џелили.

Карадаку и Енхалон го поделија пленот откако ремизираа во меч со шест погодоци (3:3). Јасир Зекири запиша хет-трик за Карадаку, а до хет-трик дојде и Никола Пластиновски за Енхалон.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!