ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Капитенот Велинов верен на Осогово

Капитенот на второлигашот Осогово, Стојанчо Велинов останува верен на клубот од Кочани и во пролетната полусезона ќе го носи жолто-синиот дрес.
Управата на клубот и Велинов на заемно задоволство постигнаа договор за продолжување на соработката во следните шест месеци.
31-годишниот Велинов имаше понуди од неколку клубови, но се реши да остане во неговиот роден град. Во својата кариера искусниот фудбалер има настапувано за штипска Брегалница, Тетекс Силекс, Ренова, Работнички, Трепча од Косово, Академија Пандев и Охрид.
Осогово есенскиот дел од сезоната го заврши на седмото место на табелата со 19 освоени бодови.