Европски ФудбалФудбал

Капитенот Марсело: Тоа е чест, но исто така е и голема одговорност

Бразилскиот фудбалер Марсело изјави дека е убеден дека Реал Мадрид ќе продолжи да го освојува трофејот и следната сезона, како и дека промената на капитенот во клубот од Мадрид ќе придонесе за енергијата во тимот.

Левиот бек на тимот од Мадрид следната сезона ќе ја носи капитенската лента, бидејќи Серхио Рамос ги напушти редовите на шпанскиот великан и се пресели во Пари Сен Жермен.

„Многу сум среќен што ја добив таа улога, сигурен сум дека ќе освоиме трофеј. Свесни сме дека е многу тешко да се помине сезоната без да се освои титула, но се боревме до крајот на сезоната. Сите сме добро и со нетрпение ја очекуваме новата сезона. Сè уште имаме играчи кои сега се враќаат од репрезентативните активности или од одмор, но сите сме многу возбудени и мотивирани пред почетокот на новата сезона.“

Марсело беше логично решение и за капитен, имајќи предвид дека тој е во „кралскиот клуб“ цели 15 години.

„Чест ми е, но и огромна одговорност да бидам капитен на најголемиот клуб во светот. Пресреќен сум. Секоја сезона учам нешто ново затоа што секогаш има нешто ново што може да се научи. Сега сум капитен на Реал Мадрид, се исполни уште една желба и верувам дека направив се што е потребно за да заслужам да останам во Реал толку долго. Верувам дека како капитен, јас сум портпарол на тимот и секогаш ќе се обидувам да помогнам во сè, како што правев досега “, заклучи Марсело.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!