ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Капитенот Фљамур Таири ја продолжи соработката со Струга Трим Љум

Капитенот Фљамур Таири ја продолжи соработката со Струга Трим Љум за следната сезона од Првата македонска фудбалска лига.

„Таири и раководството на клубот се договорија за продолжување на договорот на уште една година, со што играчот од средниот ред со големо искуство во нашиот домашен фудбал ќе продолжи да го носи дресот на тимот на градот во кој е роден“, велат од клубот.

Таири е дел од Струга веќе 5 и пол години, тој е дел од генерацијата со која клубот го постигна најголемиот успех влегувајќи во Првата лига, но и од тимот што за првпат играше во Европа.

Вила со базен и поглед кон Охридското езеро, бидете сведоци на најубавите зајдисонца

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!