ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Капитално засилување: Гостивар голманската позиција ја засили со Силјановски

Второлигашот Гостивар кој е претендент за влез во Првата лига ја засили голманската позиција со Дејан Силјановски.

Искусниот голман со прволигашко искуство ќе биде големо засилување кој ќе треба да му помогне на Гостивар во пролетните предизвици за влез во елитното друштво.

26-годишиот голман во Гостивар доаѓа како слободен играч, тој во есенската полусезона настапуваше во ПМФЛ каде ја чуваше мрежата на струмичка Беласица, од каде премина во редовите на Борец, меѓутоа поради заминувањето на главниот финансиер Кочо Анѓушев, голманот Силјановски реши да си замине од клубот и да премине во Гостивар. Во својата кариера има настапувано и за Каменица Саса, Локомотива Бентоекспорт и Тетекс.

Гостивар есенската полусезона ја заврши на делба на втората позиција со 30 освоени бодови, седум помалку од лидерот Скопје, а пролетниот дел го отвара со гостување кај Вардар Форино.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!