ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Капинковски се соочува со доста повредени и болни фудбалери

Фудбалерите на Победа по враќањето од зимските подготовки во Дојран со тренинзи продолжуваат во Прилеп.
>>> КОТВА.МК Е ПЛАТФОРМА ЗА ТУРИЗАМ – РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<
Но студеното време и снегот направија проблеми во спроведувањето на планот на подготовките на „црвено-белите“. Така поради замрзнатиот и делумно со снег покриен терен на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ одложен е за утре закажаниот пријателски натпревар со прволигашот Тиквеш од Кавадарци.
Тренерот Капинковски покрај со овој проблем се соочува и со доста повредени и болни фудбалери кои отсуствуваат од тренажниот процес, што дополнително го отежнува реализирањето на активностите според програмата за работа во подготвителниот период.