ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Капинковски ќе го предводи Пелистер во пролетниот дел од ПМФЛ

Димитар Капинковски кој беше назначен како привремено решение на битолски Пелистер, сепак останува и официјално ќе биде нов шеф на стручниот штаб за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

По разделбата на Зоран Штерјовски со „зелено-белите“, Капинковски беше привремено решение, но ја доби довербата на раководството на клубот и ќе го предводи Пелистер до крајот на сезоната.

Откако Капинковски го презеде тренерското место Пелистер успеа да излезе од големата резултатска криза, а особено после победата над есенскиот шампион Шкендија со минимални 0:1 во Тетово, битолчани излегоа од опасната зона.

Клубот од Битола го очекува тешка пролет во обезбедувањето на сигурен опстанок во македонската елита и сигурно е дека ќе има засилувања во екипата. Пелистер пролетниот дел го отвара против актуелниот првак Вардар на гостински терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!