ФудбалФудбал - Четврта Лига

Канатларци уебдлив против Ултрас за врвот од табелата, Кадино Прилеп го доби Влазними Јуниор

Во рамки на 7. коло од Општинската А квалитетна фудбалска лига на Прилеп убедлива победа забележи Канатларци од 1:4 над Ултрас со што остана осамен на врвот од табелата. Екипата на Канатларци игра одлична сезона и нижи позитивни резултати.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Двоен стрелец за гостите беше Октај Јусуфоски кој стрелаше во 23. и 41. минута од мечот, а во вториот дел по еден гол постигнаа Денис Мустафоски и Окан Јусуф. За домаќинот стрелец на единствениот гол беше Љупчо Хаџиспиркоски.

Кадино Прилеп на домашен терен триумфираше над фаворитот Влазними Јуниор со 2:1. За домаќинот погодоците ги постигнаа Миле Талески и Драган Спиркоски, а пак за гостите единствен стрелец беше Алмир Фејзулоски.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Во однос на табелата Канатларци е на врвот со 15 бодови пред Влазними Јуниор кој е втор со 12 бодови, по шест бодови имаа Кадино Прилеп и Ултрас кој го делат третото место.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!