ФудбалФудбал - Четврта Лига

Канатларци и Гарван Десово во финале за влез во Трета лига – Југ

Екипите на Канатларци и Гарван Десово ќе играат финале за влез во Третата фудбалска лига – Југ.

Двете екипи кои настапуваат во Општинската лига на Прилеп во четврток ќе се соочат во финален натпревар за шампион на ОФС – Прилеп и за пласман во Трета лига – Југ.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Гарван Десово со минимални 1:0 го доби Влазними Јуниор во полуфиналниот меч од баражот. Стрелец на единствениот гол беше Емран Имероски кој беше постигнат во 47. минута.

Канатларци со финалниот натпревар за влез во ТМФЛ – Југ стигна по потешкиот пат, откако во полуфиналето одигра 2:2 против Мукос во регуларниот дел. Екипата на Мукос може да жали за ваквиот резултат бидејќи прокоцка два гола предност.

Мартин Димески и Миле Стојчески погодија за гостинската екипа за водство од 0:2 на полувреме. На стартот од второто полувреме Денис Мустафоски намали на 1:2 со гол од пенал и го врати Канатларци во борба за финале. Во 81. минута Ферат Адемоски успешно ја смести топката во противчката мрежа за 2:2 во регуларните 90 минути.

Во пенал рулетот Канатларци со 6:5 беше подобар од Мукос.

Финалниот меч меѓу Гарван Десово и Канатларци ќе се одигра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, в четврток со почеток од 17:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!