Канатларци гази сѐ пред себе, убедливи победи за Пролетер и Кадица

Во рамки на 9. коло на Општинската А1 квалитетна фудбалска лига во Прилеп, екипата на Канатларци со убедливи 6:0 го збриша Клепач 2013. Во меч каде домаќинот имаше тотална доминација до триумфот стигна со двата погодоци на Денис Мустафовски, а по еден гол постигнаа Октај Јусуфоски, Мемет Керимоски, Шенол Ибраимовски и Ферди Булут.
Преглед на колото овозможено од Revolution Development.
Ултра на домашен терен однесе убедлива победа од 7:1 над Кадино Прилеп. Домаќинот до триумфот стигна со петте погодоци на Бобан Тошески, а во листата на стрелци се запишаа и Бранко Спиркоски и Марио Тошески. За гостите погоди Николче Божиноски.
Во рамки на 9. коло од А2 екипата на Кадица 1965 беше убедлива на гостување кај Тризла 2008 со 0:4, а до триумфот гостинската екипа стигна со погодоците на Дарко Аврамоски, Рубинчо Велески, Валентин Трајкоски и Горан Базеркоски.
Гавран Десово на домашен терен со 3:0 го доби Мукос, а погодоците ги постигнаа Аднан Лиманоски, Едис Махмутовиќ и Емин Емероски.
Убедлива победа забележа и Црвена Звезда над Мажучиште од 3:6. За домаќинот двоен стрелец беше Игор Наумоски, а еден гол беше дело на Антонио Пандовски. За гостите двојни стрелци беа Александар Кочоски и Сашо Ангелески, а по еден гол постигнаа Оливер Соколески и Менде Китаноски.
Во рамки на 9. коло од Б2 лигата екипата на Млекар со 2:1 славеше над Прилеп Сити со погодоците на Борче Подигачоски и Марко Јосифоски, а за гостите погоди Андреј Крстев.
Боротино со голот на Ице Мантароски ја доби Стрела 21 на домашен терен (1:0).
Пролетер на теренот со вештачка трева во Прилеп со убедливи 8:5 ја декласираше Пелагонија од с. Пашино Рувци. Хет-трик за домашниот тим постигнаа Денис Шерифоски и Асан Еминоски, а по еден гол постигнаа Ќенан Демироски и Ернес Алиоски. За гостинската екипа стрелаа Марио Дивјакоски, Сашо Вељаноски, Николче Пресилски, Тони Јовчески и ГОце Нешкоски.