ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Камјани со убедлив триумф над Трабзонспорт ја започна новата сезона

Денес беше комплетирано првото коло од новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Запад.

Екипата на Камјани со 3:1 славеше висок и сигурен триумф над Трабзонспорт. Првиот дел од натпреварот заврши со мирни мрежи (0:0). На стартот од вторите 45 минути домашниот состав преку Дурим Љоки стигна до водство од 1:0, а потоа Фестим Абдулаху со два погодоци стигна до водство од убедливи 3:0.

Гостинската екипа во 90. минута преку Ерсел Дико го ублажи поразот на конечните 1:3.

Вчера, Напредок славеше со високи 4:1 над Дрита, а пак Љуботен со 1:3 го доби дуелот над Речица на гостински терен. Во првото коло слободни беа екипите на Влазерими Јуниор и Зајази.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!