ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Камјани подобар од Зајази во дуел со седум гола, лидерот Беса го надигра Нераште

Викендот се одиграа натпреварите од 10. коло од Третата лига – Север.

Напредок среде Кичево поразен од Љуботен со 0:2. Интересен и неизвесен дуел се одигра на Градскиот стадион во Кичево, каде во првиот дел од средбата мрежите мируваа и на двете страни. Во вториот дел Љуботен одигра одлично и со гол на капитенот Савески Дејан дојде до воство од 0:1 во 77. минута. Притисок за втор гол и сигурна победа продолжи, па гостите од Тетово со гол на Димитријевски Христијан во 85. минута дојдоа до водство од 0:2, а воедно тоа беше и конечниот резултат на средбата одиграна во Кичево.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ >>

Дербито на колото одиграно во Голема Речица заврши без победник, откако Речица и Аресими ремизираа играјќи 2:2. Гостите дојдоа први до водство во 18. минута со голот на Дико Ерсел, а седум минути подоцна Алији Осман постигна гол за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Речица се разбуди и почна со притисок кон противникот, па во 52. минута со гол на Ибиши Ариф намали на 1:2. Конечните 2:2 ги постави Џемаили Хузри во 77. минута.

Интересен дуел и до самиот финиш неизвесен се одигра во Камењане, каде екипата на Камјани со 4:3 беше подобра од Зајази. Домашната екипа во 6. минута дојде до водство со гол на Љума Фестим. Десет минути подоцна Мехмеди Флориан погоди за 1:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Камјани дојде до ново водство со гол на Имери Члирим. Во 60. минута Бајрами Арбен постигна гол за водство од 3:1 за Камјани. Три минути подоцна Зајази намали на 3:2 со гол од пенал, а успешно реализираше Џеладини Дардан. Во 88. минута со втор гол Џеладини донесе израмнување на 3:3. Кога сите мислеа дека бодовите ќе бидат поделени, во самиот финиш од натпреварот беше досуден пенал за домашната екипа, а младито Имери Члирим успешно го реализираше и погоди за конечни 4:3 и големи три бода за Камјани.

Пролетер се „разбуди“ и дојде до првиот сезонски бод, откако на домашен терен ремизираше со Трабзонспорт играјќи 2:2. Резултатот беше отворен во 10. минута со гол на Лазарески Анѓело. Девет минути подоцна повторно Лазарески донесе водство од 2:0, овој пат со гол од пенал. Нововлезениот Ибрахими Бесар во 26. минута постигна гол и намали на 1:2 и со овој презултат се замина на пауза. По пет минути игра во вториот дел Фетаји Октај постигна гол и израмни на 2:2, резултат кој остана до крајот на натпреварот.

Лидерот Беса со убедливи 1:4 го збриша Нераште. Беса прва дојде до водство во 18. минута со гол на Реџепи Ахмет. На полувреме се замина со 0:1. На стартот од вторито дел Беса зголеми на 0:2 со гол на Беадини Аид, а пет минути подоцна Нераште со гол на Таири Имран кој беше постигнат од пенал намали на 1:2. Во 64. минута Селими Бледар зголеми на 1:3, а пет минути подоцна Бекир Мухамед ја погоди противничката мрежа за конечните 1:4.

Екипата на Беса е осамена на врвот на табелата со 28 бодови, шест помалку има Аресими кој е втор, а Речица со 20 бодови е на третото место.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!