ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Камјани ја декласираше Дрита, Влазерими Ј 1977 со минималец против Љуботен

Денес беше комплетирано 3. коло од Трета лига – Запад, кое беше отворено вчера со воведниот меч меѓу Напредок и Речица, кој заврши со триумф од 2:0 за домашниот тим.
Влазерими Ј 1977 на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Љуботен, а стрелец на единствениот погодок постигнат во 74. минута беше Аган Зубер.
Камјани со убедливи 6:3 ја доби Дрита на домашен терен на крилата на Агон Хашими, кој постигна четири погодоци. По еден гол постигнаа Фестим Абдулаху и Дритон Садики.
За гостите од Боговиње двоен стрелец беше Армир Алиу, а првиот гол беше дело на Бесарт Абази.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД:
