ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Камер Кака најново засилување на Шкендија

Есенскиот шампион Шкендија денес се засили со играчот за врска Камер Кака од Албанија. 25-годишниот Кака доаѓа како слободен агент, а во 2020 година играше во норвешки Конгсвингер.
Во својата Кариера тој има настапувано и за екипите на Универзитатеа Крајова, Политехника Јаши, Стеауа, Кристијансунд, Сарпсборг, Хонефос, Рауфос и Валеренга.
Веднаш по потпишувањето на договорот тој ќе патува за Турција каде ќе се приклучи на екипата во подготвителната фаза во Анталија.
Претходно, Шкендија се засили со голманот Рамани, Рубин Хебај и Бразилецот Да Силва.