ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Каменица Саса промовираше нов голман и крило, клубот доби и нов тренер!

Второлигашот Каменица Саса промовираше две нови засилувања за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. Саса одигра фантастична есен и е на добар пат за обезбедување на место кое носи во Првата лига.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

Екипата го промовираше 24-годишниот голман Мики Георгиевски и 18-годишното лево крило Антониот Мирков.

Георгиевски е повратник во екипата на Саса од беровски Малеш, а пак Мирков доаѓа од редовите на Вардар.

Саса есенската полусезона ја заврши на третото место на табелата со 31 бод, а пролетниот дел ќе го започне со нов тренер затоа што нов шеф на стручниот штаб е Горан Гоцевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!