ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Каменица Саса го претстави Бобан Тасевски како ново засилување

Второлигашот Каменица Саса денес го претстави Бобан Тасевски како најново засилување за пролетната полусезона од Втората фудбалска лига – Исток.
20-годишниот Тасевски во Македонска Каменица доаѓа од редовите на Беласица и игра на позициите лево и десно крило. Покрај за Беласица има настапувано и за Росоман и радовишка Плачковица.
Саса е третопласирана со 31 бод, еден помалку од водечките Слога 1934 од Виница и прилепска Победа. Пролетната полусезона Саса ја отвара на домашен терен против Кожуф од Гевгелија, а целта ќе биде пласман во Првата македонска фудбалска лига.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<