ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Каменица Саса ги започна подготовките, закажани и пријателските натпревари

Второлигашот Каменица Саса и официјално од вчера ги започна подготовките за новата сезона од Втората лига – Исток.

Во следниот период клубот од Македонска Каменица ќе ги промовира и новите засилувања, а договорени се пет контролни средби.

Првата контролка се игра на 21 јули против Вардар, три дена подоцна тест против Детонит од Радовиш, на 31 јули е закажана контролка со Работнички, за 7 август е предвиден контролен натпревар со Беласица, додека „генералката“ ќе биде против Силекс на 14 август.

Минатата сезона Саса заврши на шесттото место на табелата со 35 бодови, еден помалку од четвртопласираната Слога.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!