Каменица Саса ги промовираше новите пет засилувања

Второлигашот Каменица Саса ги промовираше новите пет засилувања за пролетниот дел од Втората лига – Исток.
Нови играчи во клубот од Македонска Каменица се Јовица Радевски, Христијан Вецески, Лазе Гичев, Филип Димоски и Глигор Дончев.
21-годишниот Радевски доаѓа од редовите на радовишка Плачковица, а во својата кариера има настапувано и за Скопје, Работнички, Вардар, Македонија ЃП и Кадино. Радевски игра како десен бек.
Вецески кој е играч за врска има 21 година, а во својата кариера бил дел од 11-ти Октовмри, Пелистер, Победа, Работнички и Тетекс.
Младиот 15-годишен голман Гичев се враќа назад во Каменица Саса, а во есенската полусезона го носеше дресот на Слога од Виница.
21-годишното крило Димоски доаѓа од редовите на прилепска Победа, а во својата кариера има настапувано за Питу Гули, Вардар од Неготино, Осогово и 11-ти Октомври.
Левиот бек Дончев има 22 години и доаѓа од редовите на Осогово, а во својата кариера има настапувано и за Академија Пандев и Хоризонт Турново.
Каменица Саса есенската полусезона ја заврши на делба на петтата позиција со 20 освоени бодови. Пролетниот дел второлигашот од Македонска Каменица ќе го отвори против Осогово во Кочани.