ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Каменица Саса договори четири контролки, „генералка“ против Кадино

Второлигашот Каменица Саса веќе десеттина дена интензивно се подготвува за пролетната полусезона од Втората лига – Исток.
„Рударите“ во рамки на зимските подготовки ќе се тестираат на четири контролни натпревари. Првиот се игра против Слога од Виница на 30. јануари, потоа следи квалитетен тест-меч со прволигашот Борец од Велес закажан за 6. февруари. За 13. февруари е договорена контролка со второлигашот Тетекс од Тетово, а „генералката“ ќе биде со второлигашот Кадино на 20. февруари.
Саса есенската сезона ја заврши на петтата позиција на табелата со 20 бодови, а пролетната полусезона ја отвара против Осогово во Кочани.