ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Калид замина во Есперанс Тунис, Македонија ЃП му се заблагодари на Ганецот

Напаѓачот Абдул Басит Калид повеќе нема да биде дел од Македонија Ѓорче Петров, откако се пресели во Тунис, каде ќе настапува за Есперанс.

24-годишниот Ганец одигра одлична полусезона во македонскиот шампионат постигнувајќи девет погоди на 15 првенствени натпревари. Играчот во македонскиот прволигаш пристигна од Теута од Албанија.

Македонија Ѓорче Петров на официјалниот Фејсбул профил му се заблагодари на Калид за досегашните настапи во нивниот дрес.

Македонија ЃП е на подоготвки во Анталија, Турција каде ќе ја темпира формата за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!