
Второлигашкиот футсал натпревар во Свети Николе донесе луда завршница со три гола во самиот финиш и победа на млади надежи од Проект – Јосифово над домаќинот Овче Поле со 4:5.
Домаќинот одлично го отвори натпреварот и до 8. минута имаше водство од 2:0 со погодоците на капитенот Стојковиќ и Русевски. Во 10. минута од натпреварот гостите постигнаа два гола за 2:2, а стрелци беа Делев и Митровски. Овче Поле го врати водството од 3:2 со автоголот на Ивановски.
Во второто полувреме првиот гол падна во 33. минута за 4:2, а стрелец беше Иванов. Кога се мислеше дека домаќинот ќе дојде до победа, се случи луда завршница. Во 38. минута Митровски беше двоен стрелец и резултатот беше 4:4. Во последниот секунди капитенот Манчев постигна атрактивен гол за конечни 4:5 и голема победа на младата екипата на Проект – Јосифово.
Во следното коло Овче Поле ќе гостува во Тетово кај Шкендија, додека Проект – Јосифово во Валандово ја чека екипата на СЕЕ Университи.