ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Каква е ситуацијата на табелата: Победа е сама на врвот, Слога Виница „диши во врат“

По 11. одиграни кола во Втората фудбалска лига – Исток екипата на Победа е на самиот врв осамена со 26 освоени бодови, еден повеќе од Слога Виница која е втора и „диши во врат“. Прилепчани играат во одлична форма и на последните пет натпревари имаат четири победи и едно реми и продолжуваат со серијата позитивни резултати, а тоа ги носи на добар пат кон Прва лига.

Второлигашот од Виница е втор на табелата откако во претходното коло беше „потопен“ во Кочани од Осогово, па веќе следното коло носи голема неизвесност и возбуда кога е во прашање првото место. Победа ќе биде на тежок испит против Каменица Саса на гостински терен, а пак Слога ќе биде домаќин на Локомотива која се обидува да го фати последниот воз надеж за евентуален опстанок во второлигашкото друштво.

Доколку Саса триумфира над Победа ќе се доближи на два бода до прилепчани и ќе влезе во сериозна трка за враќање на врвот.

Беласица успеа да се врати на победите, но останува и понатаму на четвртотото место на табелата со 20 бодови, па ја чека тешка борба за остварување на целта – експресен кам бек во елитата.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!