Европски ФудбалФудбал

Каква „БОМБА“: Хакими во францускиот гигант за 70 милиони евра плус бонуси!

Францускиот гигант ПСЖ сака да го комплетира трансферот на играчот за врска на Интер, Ашраф Хакими, до крајот на оваа недела. Парискиот клуб нуди 70 милиони евра плус бонуси. Вистинска трансфер бомба во времето кога се игра Европското првенство.

Понудата на ПСЖ која многумина ја нарекуваат неморална затоа што не се знае какви се бонусите – е поприфатлива за Интер отколку онаа понуда на Челси, кој нуди 60 милиони евра плус левиот бек Маркос Алонсо, објавија италијанските медиуми.

Ашраф Хакими порасна во Реал Мадрид, но не доби шанса од тренерот Зинедин Зидан, па мина две сезони на позајмица во Борусија Дортмунд (2018-2020), а неговиот талент дојде до израз во втората сезона на позајмица во Борусија.

По истекот на позајмицата, во септември минатата година, Реал Мадрид го продаде мароканскиот репрезентативец на Интер за 45 милиони евра. Хакими, кој може да игра десен офанзивен бек или крило, исто така ја докажа својата вредност во Интер, и беше еден од поважните играчи на патот до титулата во Италија.

На 45 натпревари во сите натпреварувања, тој постигна седум голови и 11 асистенции. Но, бидејќи Интер е во тешка финансиска состојба, тие мораат да продаваат играчи, а кога се двоумеа дали да го стават аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез или Хакими на трансфер-листата, се решија за мароканскиот фудбалер. Ќе видиме дали погрешиле …

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!