ФудбалФудбал - Четврта Лига

Кадица со убедлив триумф, високи победи за Динамо и Боротино

Изминатиот викенд беа одиграни натпревари од Општинската Квалитетна фудбалска лига А во Прилеп.

Кадино на домашен терен ремизираше против Мукос играјќи 2:2, додека пак Клепач на домашен терен со 2:4 беше поразен од екипата на Ултрас.

Минимална победа од 1:2 однесе екипата на Црвена Звезда Сенокос која на гостински терен славеше над лазними Јуниор. Стрела на домашен терен беше поразена со високи 2:5 од Кадица.

Минимален триумф од 1:2 обезбеди и Млекар кој на гостински терен беше подобар од Гарван Десово, а пак Динамо со 6:2 го декласираше составот на Тризла и со тоа ја забележа најубедливата победа во рамки на четртата рунда.

  • ТАБЕЛА 4. КОЛО ОПШТИНСКА КВАЛИТЕТНА ФУДБАЛСКА ЛИГА А – ПРИЛЕП:
  • 5. коло:
    Тризла – Кадино
    Млекар – Динамо
    Кадица – Гарван Десово
    Црвен Звезда Сенокос – Стрела
    Ултрас – Влазними Јуниор
    Мукос – Клепач

Во рамки на Општинската Б фудбалска лига во Прилеп изминатиот викенд беа одиграни натпреварите од 3. коло.

Братство Големо Коњари на домашен терен беше поразен од Мажучиште со 2:3, Пролетер на домашен терен беше убедливо поразен од Боротино со високи 4:11, а пак убедлива гостинска победа од 1:5 однесе и екипата на Прилеп Сити, која славеше над Пелагонија.

  • ТАБЕЛА 3. КОЛО ОПШТИСНКА Б ФУДБАЛСКА ЛИГА – ПРИЛЕП:
  • 4. коло:
    Боротино – Пелагонија
    Мажучиште – Пролетер
    Напредок Крушеани – Братство Големо Коњари

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!