ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кадино за Спортска Мрежа: Котизацијата ќе биде платена, нашиот клуб ќе настапи во Втора лига – Запад

Второлигашот Кадино ги отфрла сите дезинформации кои кружат во јавноста дека клубот нема платено котизација и со тоа нема право на настап во Втората лига – Запад.

Во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа, раководството на Кадино ги отфрлаат сите овие дезинформации кои кружат во јавноста и велат дека клубот во новата сезона ќе настапи во Втората лига – Запад и дека котизацијата ќе биде платена.

„Сакаме да кажеме дека имавме мало недоразбирање и ги отфрламе сите дезинформации во врска со тоа дека нашиот клуб ја нема платено котизацијата. Сепак ќе ја плати котизацијата и ќе настапува и оваа сезона во Втората лига“, велат од клубот за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!