ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кадино триумфираше над Башкими од Куманово, Илинден и Маџари го поделија „пленот“

Вчера со мечот меѓу Илиден и Маџари Солидарност беше отворено 2. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, меч кој заврши без победник (2:2) и поделен „плен“.

Резултатот за водство на домашниот тим го отвори Латко Петровски во 31. минута од мечот, а седум минути подоцна Лука Алексоски погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Роберт Илиевски беше стрелец на гол за водство на Маџари од 1:2. Во финишот од мечот, односно во 82. минута Дарко Арсовски постигна гол за 2:2 и поделба на „пленот“.

Денес Кадино триумфираше со 2:0 над Башкими од Куманово, во меч кој се одигра во 10 часот.

Кадино трите бодови ги обезбеди во првиот дел од мечот со погодицте на Милан Ристовски и Мартин Лазев, со што ланскиот второлигаш се израдува на првиот сезонски триумф како третолигаш.

Останатите натпревари ќе започнат денес во 16 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!