ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кадино со ПЕТ гола го среди Еуромилк ГЛ, БВК Коњаре со нова висока победа

Ланскиот второлигаш Кадино запиша убедлив триумф од 5:0 против некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ на домашен терен во меч од 13. коло од Трета лига – Север.

Резултатот го отвори Никола Спасевски во 18. минута од мечот за водство од 1:0 за Кадино, додкеа пак пред крајот на првиот дел Малов постигна гол за 2:0 на полувреме. Во вториот дел продолжи да се тресе мрежата на гостите, откако Тасевски во 72. минута погоди за 3:0, а до крајот Наумовски и Стојановски постигнаа погодоци за конечни 5:0.

Второпласираниот БВК Коњаре без многу проблем со 1:4 триумфираше над Раштак и со тоа обезбеди нови три бода и продолжува да прави притисок за врвот од табелата, каде што е лидерот Башкими.

БВК Коњаре иако на гостински терен ја имаше услогата на фаворит и истата беше оправдата со висок триумф. За гостите двоен стрелец беше Орхан Мифтар, а по еден гол постигнаа Фатон Беља и Лирим Идризи, додека пак за домашниот тим единствен стрелец беше Томи Илиевски.

Гостински триумф забележа и Башкими Љуботен, откако со 1:2 славеше на гостувањето кај Маџари Солидарност. За гостите херој на мечот беше двојниот стрелец Еркан Фетаи, кој вториот гол го постигна во 90. минута за голема радост на Башкими Љуботен. За домашниот тим единствен стрелец беше Стамболиев.

Вчера, Студена Вода со 5:0 го декласираше тимот на ССК Нова.

Колото ќе биде комплетирано во текот на денот, а дербито на колото го играат Башкими и Фортуна, натпревар кој во моментот оди во живо на телевизија М Нет.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!