ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кадино пристигна во Охрид ден порано, капитенот Ивановски вели дека екипата е максимално подготвена за утрешниот дуел со Велешта!

Второлигашот Кадино утре игра важен натпревар со второпласираната Велешта, во рамки на 19. коло од Втората лига – Запад.

Кадино денес пристигна во Охрид, во клубот има одлична атмосфера и со максимални подготовки капитенот Ивановски Кристијан очекува позитивен исход од утрешниот дуел со Велешта.

„Атмосферата е супер и очекувањата се само позитивен исход од натпреварот. Немавме тренинг денес бидејки пристигнавме касно, но се подготвуваме цела недела за овој натпревар и се е спремно за нови бодови“, вели капитенот Ивановски Кристијан за Спортска Мрежа.

Велешта е втора на табелата со 34 освоени бодови, додека Кадино има 19 бодови и се наоѓа на седмата позиција на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!