ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кадино на домашен терен загуби од Аеродром

Ланскиот второлигаш Кадино денес впиша нов пораз откако на домашен терен беше поразен од екипата на Аеродром со резултат од 1:2, во рамки на 4. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север.

Кадино денес го впиша својот втор сезонски пораз, додека пак Аеродром ја впиша третата сезонска победа.

Гостите први дојдоа до водство со голот на Дамјан Пешовски во 21. минута од мечот, а по шест минути игра домашниот тим преку Стефан Георгиев дојде до 1:1 на полувреме.

Во вториот дел од мечот Аеродром го обезбеди целиот „плен“, откако во 62. минута Мартин Илиевски погоди за конечните 1:2.

Вчера во воведниот меч екипата на БВК Коњаре со 4:0 го збриша составот на Еуромилк ГЛ. Колото ќе биде комплетирано во текот на времето со останатите шест натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!