ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кадино и Тетекс со важни победи, дербито меѓу Гостивар и Охрид без победник

Денес беа одиграни натпреварите од 23. коло од Втората лига – Запад и забележани три победи и едно реми.

Гостивар 1:1 Охрид

Големото дерби меѓу Гостивар и Охрид заврши без победник со по еден гол во мрежа (1:1). Домаќинот со гол на Лимани Хакан во 43. минута го отвори резултатот за водство од 1:0. Во вториот дел Гостивар не издржа и во 88. минута гостите од Охрид преку Вељаноски Наум израмни на конечните 1:1.

Велазарими 0:1 Тетекс

Тетекс стигна до голема победа во Кичево откако со 0:1 славеше над домаќинот Велазерими. Стрелец на единствениот гол вреден три бода беше Јованоски Мирослав во 70. минута.

Кадино 2:1 Дрита

Кадино на домашен терен го доби дербито со Дрита во борбата за сигурен опстанок во Втората лига – Запад, откако со 2:1 беше подобар противник. Гостинот од Боговиње стигна прв до водство со гол на Алији Елмир во 18. минута од натпреварот. Второто полувреме му припадна на Кадино, кој преку Андоновски Марко во 59. минута израмни на 1:1. Јусуф Алпај беше херојот кој во 79. минута го постигна победничкиот гол за конечните 2:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Велешта 3:2 Кораб

Велешта на домашен терен стигна до голема победа откако со 3:2 славеше над Кораб. Резултатот беше отворен во 44. минута со гол на Муча Бљерон за 0:1 и водство на гостинот од Дебар. На стартот од вториот дел Велешта брзо го сврте резултатот и дојде до водство од 2:1. Во 52. минута Даути Мирлинд погоди за 1:1, а три минути подоцна Анруши Ермин донесе водство за Велешта. Во 82. минута од натпреварот Кара Диели зголеми на 3:1, а една минута подоцна судијата Арсов покажа на белата точка, а Дани Мргим успешно реализираше за конечните 3:2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!