ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Кадино и Беса-Влазрими со превисоки победи, БВК Коњаре го доби Петровец

Кадино и Беса-Влазрими ги искинаа мрежите во 15. коло од Третата лига – Север. Ланскиот второлигаш Кадино на домашен терен со 8:2 повеќе од сигурно славеше убедлива победа над Волково.

За Кадино хет-трик постигна Теодор Стојановски, а по еден гол постигнаа Малов, Ристовски, Пеев, Ваневски и Лазев, додека пак за гостите двоен стрелец беше Кристијан Патров.

Беса-Влазрими со високи 7:2 ја декласираше ССК Нова на домашен терен и со победа ја заврши есенската полусезона. Османи и Ајдини беа двојни стрелци во високата победа, а по еден гол постигнаа Бајрами, Касуми и Исмаили. За гостите стрелци беа Исмаиловски и Нухи.

Маџари на домашен терен со 3:4 беше поразен од Фортуна. Мицевски и Поповски беа стрелци за домашниот тим, додека пак Сеад Јакупи си постигна автогол, за гостите Џемаили и Јакупи постигнаа по еден гол, а пак Муртезани беше двоен стрелец.

Илинден на домашен терен немаше сили за Башкими Љуботен и претрпен нов пораз од 2:3. Гостите победата ја обезбедија дури во 92. минута со голот на Фисник Зејнулахи, а претходно погодија Курти и Аџами, додека пак за домашниот тим погодоците ги постигнаа Божиновски и Арсовски.

Со идентични 2:3 славеше и Риниа на гостувањето кај Раштак. За домашниот тим погодија Ацковиќ и Трповски, а пак за гостите Азизи, Хајрули и Јусуфи.

Студена Вода со трите гола на Дарко Тодоровски дојде до победа од 3:1 над Еуромилг ГЛ. За гостите единствен стрелец во 89. минута беше Никола Малов.

БВК Коњаре со 1:3 славеше на гостување кај Петровец со што есенската полусезона ја завршува на второто место на табелата. Беља, Чалафи и Мифтар беа стрелци за гостите, а пак за домашниот тим Етемов беше единствен стрелец.

Натпреварот меѓу Аеродром и лидерот Башкими во рамки на 15. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север не го дочека својот крај, откако мечот беше прекинат околу 70-тата минута при резултат од 2:1 за домашниот тим. Двата гола ги постигна Леонид Филиповски, а за гостите погоди Биљали Хасан.

Во следните денови се очекува и официјална одлука за овој меч.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!