Кадино го торпедираше Илинден, Башкими слави против Петорвец, БВК Коњаре со нов триумф

Денес беа одиграни натпреварите од 5. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, кои беа „сиромашни“ со погодоци.
Најубедлива победа однесе ланскиот второлигаш Кадино, кој со убедливи 1:6 го торпедираше Илинден. Зоран Тасески постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Милан Ристовски, Оливер Пеев и Мартин Лазев, а пак за домаќинот единствен стрелец беше Дамјан Божиновски.
Башкими со сигурни 2:0 славеше над Петровец со двата погодоци на Егзон Азири и Ергин Шерифи.
БВК Коњаре со погодокот на Фати Јусуфи славеше минимална победа над Риниа, три бода прокнижи и Башкими Љуботен кој со минимални 1:0 славеше над Беса Влазрими со голот на Берат Зендели во 89. минута, а со минимални 0:1 славеше и Раштак над Аеродром, а овде стрелец за три бода беше Николче Стојановски кој стрелаше во 85. минута.
И мечот меѓу Маџари Солидарност и Студена Вода заврши со минимален триуф (1:0) за домашниот состав, а стрелец беше Никола Петковски.
Еуромилк и Фортуна го поделија „пленот“ играјќи 0:0, без погодоци и поделба на „пленот“ заврши и дуелот меѓу Волково и ССК Нова.