ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кадино го шокираше Гостивар со убедлива победа, Дрита со голема победа, Охрид ремизираше во Тетово

Големо изненадување направи Кадино кој на гостински терен со убедливи 0:3 славеше над фаворитот Гостивар во меч од 18. коло од Втората лига – Запад. Резултатот беше отворен во 17. минута од натпреварот со гол на Ивановски Кристијан. Вториот гол го постигна младиот Христовски Гордијан во 30. минута од натпреварот и на полувреме се змина со 0:2. Во вториот дел домаќинот се обидуваше да се врати во игра, но не успеваше, а Кадино со одличната игра постигна и трет го во судиското продолжение кога Ристовски Давид ги постави конечните 0:3.

Дрита на домашен терен запиша голема победа од 3:0 над Велазерими. Резултатот беше отворен во 11. минута, а домаќинот дојде до водство од 1:0 со гол на Зеќири Валон. 20 минути подоцна Валон постигна и втор гол за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Дрита продолжи со одличнат играта, а Алији Елмир погоди за 3:0 во 85. минута.

Лидерот Скопје ремизираше на гостувањето во Дебар кај Кораб играјчи 0:0, а со ист резултат ремизираше и Охрид на гостувањето во Тетово кај Тетекс. Велешта го добива натпреварот со службени 3:0 против Вардар Форино.

Целата табела од Втората лига – Запад погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!