ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Кадино ги стартуваше подготовките, договорени седум контролни натпревари

Второлигашот Кадино ги започна подготовките за пролетниот дел од Втората лига – Запад. Екипата првиот дел од подготовките ќе ги одработи во Кадино, додека вториот дел формата ќе ја подига на припреми закажани за 30. јануари во Негорски Бањи каде ќе остане десеттина дена и ќе одиграат неколку контролни натпревари.

Првиот контролен натпревар Кадино ќе го игра во сабота против Борец во Велес, потоа на 27. јануари на домашен терен против Скопје, во Неготино против третолигашот Вардар Неготино на 30. јануари.

На 3. февруари Кадино во Гевгелија ќе се тестира со Кожуф, додека на 6. февруари против Раднички од Сремска Митровица во Дојран. На 13. февруари на домашен терен против Кит Го од Пехчево, додека на 20. февруари е „генералката“ против Каменица Саса.

Кадино есенскиот дел во Втората лига – Запад го заврши на седмото место со 15 освоени бодови и во пролетниот дел клубот ќе има за цел сигурен опстанок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!