Кадино домаќин на лидерот Скопје, дерби меѓу Кораб и Велазерими

Викендот се игра 20. коло од Втората лига – Запад. Овој пат во сабота ќе биде одигран само еден натпревар, а три во недела.
Колото ќе биде отворено со натпреварот меѓу Кадино и лидерот Скопје. Екипата на Кадино иако игра на домашен терен, сепак ќе има тежок натпревар против лидерот на табелата кој пополека, но сигурно се враќа во Првата лига. Кадино минатото коло во финишот загуби од фаворитот Велешта, па во сабота ќе се обиде да одигра повторно одлично, но со повеќе среќа за изненадување и бодови кои ќе донесат чекор напред во борбата за сигурен опстанок во Втората лига – Запад.
Останатите натпревари се играат во недела.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
На Градскиот стадион во Дебар ќе се одигра дербито меѓу Кораб и Велезерими. Неизвеносно и воздуливо дерби во битката за трите бодови. Двете екипи според формата од последните пет натпревари се во голема резултатска криза. Кораб има три порази, реми и само една победа, додека Велазерими има четири порази и само едно реми. Бодовната разлика меѓу нив е само два бода и токму тоа го прави натпреварот да биде неизвесен со голема борба за победа и излез од резултатската криза.
Дрита на домашен терен ќе се соочи со фаворитот Гостивар. Екипата од Боговиње ќе мора да направи изненадување по трите бодови во битката за опстанок. Гостивар е под притисок за победа, со цел прво да се врати на второто место кое преку бараж води во Прва лига, а потоа да го следи и чекорот на лидерот Скопје.
Тетекс на домашен терен го очекува тежок натпревар против амбициозната екипа на Велешта. Се освен пораз за Тетекс ќе значи позитивен резултат во борбата за опстанок, додека Велешта доаѓа како фаворит и атакува на победа и три бодови со цел да остане на второто место.
Екипата на Охрид во ова коло е слободна.
Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот.